Уапсен предводникот на сектата жариште на Ковид 19: Сокривал информации и се заразиле 5.200 луѓе!

Тој исто така е гонет за проневера на 4.7 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Јужнокорејските власти го уапсија водачот на тајната христијанска секта, Ли Ман Хи, која стана жариште на коронавирусот, поради тоа што сокривал информации за заразените и нивните контакти.

Ли Ман Хи е водач на Шинчеонџи сектата која се доведува во корелација со 5.200 заразени со коронавирусот во Јужна Кореја.

Според обвинението, тој се обидел на властите да им сокрие дека има заразени меѓу неговите 200.000 следбеници. Тој исто така е гонет за проневера на 4.7 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот