Уапсен познат сопственик на ресторани и клубови во Белград поврзан со Веља Невоља

Српска полиција / Фото: ЕПА

Александар Кајмаковиќ, со надимак Аца Босанац, сопственик на повеќе познати ресторани и клубови во Белград, беше уапсен денеска заради сомневање дека соработувал со Вељко Беливук, кој на 4 февруари беше уапсен како организатор на криминална група.

Аца Босанац е приведен во Службата за борба против организиран криминал, објавија српските медиуми.

„Се сомнева дека фирмите на Вељко Беливук ги водел Кајмаковиќ. Исто така се проверуваат и сомневањата дека Кајмаковиќ, заедно со Беливук учествувал во изнуда на одредени сопственици на деловни простори во луксузни локации во Белград, вели неименувани извори цитирани во српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот