Уапсен познат рапер на аеродром, избил невиден скандал, полицијата го привела на лице место
Познатиот американски рапер Ти Ај (43), роден како Клифорд Џозеф Харис помладиот, е уапсен на 4 август поради забуна во идентификацијата.
Според пишувањата на странските медиуми, на аеродромот дошло до недоразбирање кога го помешале со друг маж со исто име, Клифорд Харис, кој имал налог за апсење во Балтимор, Мериленд, а инаку е осомничен за напад на жена, вознемирување и можен инцидент поврзан со оружје.
Откако бил уапсен на аеродромот, раперот Ти Ај бил префрлен во затворот во округот Клејтон во Атланта, каде автоматски била покрената постапка за екстрадиција, бидејќи налогот пристигнал од друга сојузна држава.
Сепак, благодарение на интервенцијата на неговиот адвокат, раперот е пуштен од притвор во рок од само два часа по апсењето.
Судијата задолжен за предметот на рочиштето за екстрадиција навремено го одби барањето за екстрадиција. Целата ситуација предизвика реакции во јавноста, а многумина се запрашаа како дошло до ваков пропуст во идентификацијата. Интересно е дека физичките описи и атрибути беа клучен фактор кој им помогнал на службениците да сфатат дека направиле грешка. Имено, Клифорд Харис, кој бил баран во Мериленд, наводно тежи околу 93 килограми додека Ти Ај тежи околу 75 килограми.
Инаку, Ти Ај е нераскинливо поврзан со Атланта, каде што е роден и израснат. Тој се смета за еден од пионерите на трап музиката, заедно со други уметници како Џизи и Гучи Мејн. Покрај музиката, раперот се испроба и во претприемништвото со отворањето на ресторанот „Трап сити кафе“ во Атланта во 2022 година.
Истиот ден кога беше уапсен по грешка, Ти Ај објави видео на Инстаграм во кое го промовира ресторанот и ги поканува луѓето да го посетат кафулето за неделен ручек и вечера. За потсетување, ова не е првпат Ти Ај да има проблеми со законот. Во 2021 година, тој беше уапсен во Амстердам откако се судри со полициско возило додека возел велосипед. Покрај тоа, во 2018 година, тој беше уапсен и обвинет за прекршок на едноставен напад, нарушување на јавниот ред и пијанство, откако обезбедувањето му го одби влезот во неговата оградена заедница.