Уапсен Полјак осомничен за вмешаност во убиството на холандскиот новинар де Врис

EPA-EFE/Marcel Van Hoorn

Триесетгодишен Полјак е уапсен во врска со убиството на познатиот холандски новинар за криминал Питер де Врис, јави ДПА, повикувајќи се на Обвинителството во Амстердам.

Осомничениот бил уапсен во Полска и треба да биде екстрадиран. Лицето е обвинето за соучесништво во подготовката на убиството.

Новинарот беше застрелан во Амстердам на 6 јули минатата година, а девет дена подоцна им подлегна на здобиените повреди во нападот.

Осомничениот сторител и возачот на возилото со кое избега од местото на настанот беа уапсени набргу по пукотницата. Ним им се суди во главниот град на Холандија и за стореното дело може да добијат доживотни казни затвор.

Судиите се сомневаат дека зад убиството стои позната криминална група за шверц на наркотици.

Де Врис беше доверлив човек на клучен сведок во судењето за големо убиство во кое беше вклучена предметната банда. Братот и адвокатот на клучниот сведок беа убиени уште пред нападот врз холандскиот новинар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот