Уапсен побегнат осуденик, во станот му нашле и поголема тегла со марихуана

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната.

На 28.11.2022 во 14.05 часот пред стан на ул.„Варшавска” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода П.М.(32) и Д.И.(34), двајцата од Скопје. За Д.И. била распишана централна потерница по наредба на Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик.

При преземањето мерки за негово лишување, било дојдено до сознание и дека на подрачјето на Скопје Д.И. врши препродажба на наркотична дрога. Д.И. и П.М. биле лишени пред станот што го користел Д.И. за чување и препакување дрога, при што кај двајцата била пронајдена марихуана.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во станот и биле пронајдени и одземени поголема тегла со марихуана, две ќеси со марихуана, една ќеса со бела прашкаста материја, капсули со кафеава прашкаста материја и дигитална вага.

Со судска наредба бил извршен и претрес во стан на ул.„Прашка”, каде што Д.И. престојувал со неговата девојка, при што пред зградата биле пронајдени ќеса со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана, кои претходно неговата девојка ги исфрлила од прозорец.

Д..И. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, а П.М. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот