Уапсен охриѓанец кој нападнал членови на своето семејство

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „телесна повреда“, на  19.07.2020 во 22.30 часот во СВР Охрид бил лишен од слобода Х.Б.(30) од Охрид, информира МВР.

Тој претходно, во домот, физички нападнал членови на семејството. При преземање мерки во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле пиштол „BLOW Magnum“, кој нелегално го поседувал.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот