Уапсен насилник од кичевското село Србјани

Апсење / Фото: МИА

Вчера околу 18.30 часот, полициски службеници на ОВР-Кичево го лишиле од слобода А.А.(44) од кичевското село Србјани.

– При контрола на автомобил „цитроен” што тој го управувал на улица „Борис Кидрич” во Кичево полициските службеници пронајдоа фолии со бела прашкеста материја и епрувета со непозната течност. Тие се одземени и предадени на вештачење, а по целосно документирање на настанот ОВР-Кичево ќе поднесе соодветна пријава, рече портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

Тој потесети дека вчера рано наутро во угостителски објект лоциран на улица „Борис Кидрич” во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на Ф.И.(42) врз А.С.(39) двајцата од Кичево. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Видео на денот