Уапсен маж кој на работа имал 50 гига порнографска содржина од деца

Загрепската полиција соопшти, дека уапсила маж, кој на своето работно место, во својот компјутер имал 50 GB порнографија од деца и малолетни лица.

Полицијата покрена кривична истрага за 40-годишниот маж под сомнение за сторено кривично дело експлоатација на деца за порнографија, објави хрватскиот портал Индекс.хр.

Полицијата се сомнева дека од јануари 2018 до јули 2019 година, на својот статичен компјутер имал папка со вкупно 50 GB (повеќето од нив видеа), но и фотографии, на кои се прикажани деца и малолетни лица во сексуално експлицитно однесување.

Осомничениот е приведен и е поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот