Уапсен малолетник кој со секира усмрти две кучиња

Фото: А1он

Вечерва бил приведен убиецот на Гоца и Макс – двете кучиња од населбата Аеродром кои беа крвнички убиени со секира во септември годинава, дознава А1on.

Станува збор за 17-годишниот Г.С., а бил приведен откако полицијата го идентификувала од снимките на околните камери на кои се гледало како тој ги убива кучињата.

Тој ќе одговара по член 233 од Кривичниот законик за мачење животни.

Крвавиот настан се случи во септември годинава, кога утрината жителите од Аеродром на булеварот АВНОЈ ги пречека ужасна слика на искасапени кучиња.

-Едното го најдовме мртво, а другото испушти душа во најлоши маки на пат до ветеринарна станица каде што го носеа активистите и се обидуваа да го спасат. Локви крв имаше насекаде, што значи дека убиецот ги бркал кучињата пред да ги убие- сведочеа тогаш жителите.

Стануваше збор за две улични кучиња, Макс и Гоца, за кои жителите се грижеле со години и велеа дека биле неверојатни мирни и кротки миленици.

Пред речиси 3 години, сред бел ден во Дебар Маало со секира беше убиен маалскиот миленик Идриз, а виновникот не се криеше. Љубителите на животни организираа протести, додека пак убиецот заврши со изречена мерка за наплата на глоба со вкупен износ од 1.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот