Уапсен малолетник кој навредувал полицајци 

Малолетник навредувал полицајци па бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Неготино до целосно документирање на случајот, по што, ќе биде поднесена соодветна пријава. За ова попладнево информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Вчера  кај селото Црвени брегови, Неготинско при сообраќајна контрола на товарно моторно возило марка „сканиа” со скопски регистарски броеви и управувано од Л.Д. (24) од Виница, се констатирани повеќе прекршоци. Потоа е побарано од возачот во придружба на полициски возила да се упати кон Полициската станица – Неготино. Кога стасале кај  железничкиот премин,  колоната била пресретната од автомобил марка „сеат  алтеа” со тетовски регистарски броеви и и било попречено движењето. Во моментот кога реагирале полициските службеници, неовластено биле снимени од седумнаесетгодишен малолетник од Виница со неговиот телефон. По барање од полициските службеници да им го предаде телефонот,  малолетникот одбил да го даде и почнал да ги навредува, појасни Додевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот