Уапсен кумановец за кражба во здравствена установа во Скопје

Фото: Архива

На 11.01.2021 година во 11.30 часот на улица “Филип Втори Македонски” во Скопје од слобода е лишен Г.П.(33) од Куманово, сторител на повеќе кривични дела.

По извршен разговор, Г.П. признал дека на 21.12.2020 година во приватна здравствена установа лоцирана на подрачје на Кисела Вода во Скопје, извршил кривично дело “кражба” при што од чанта одзел новчаник во кој имало 15.000 денари како и две платежни картички. По извршеното кривично дело со едната картичка купил производи во вредност од 30.000 денари додека со другата имал неколку неуспешни обиди за купување. По извршениот разговор, од лицето се одземени неколку картички од банки кои не се на негово име, одземени се исто така и парични средства. Кај Г.П. исто така е пронајдена и бела прашкаста материја.

Против него, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот