Уапсен криминалец од Тетово

Вчера во 20.10 часот на улицата „Љуботенска“ во Тетово инспектори од Одделот за криминалистичка полиција Тетово, го приведоа Ј.Ј.(22) од Тетово, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Имено, при извршен преглед од страна на полициските службеници, кај Ј.Ј. била пронајдена марихуана. Лицето е задржано во Полициска станица Тетово за документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот