Уапсен крадец во Скопје, извршил седум кражби

Македонска полиција/ Фото: МИА

На 12.11.2021 околу 19.00 часот полициски службеници од Единицата за брза интервенција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Љ.(47) од Скопје поради основано сомнение дека на 18.10.2021 во станбен објект на ул.„Лондонска” во Скопје одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници тој признал уште седум кражби кои ги сторил во периодот од мај до октомври оваа година во станбен објект на бул.„8-ми Септември” во Скопје, каде што одземал повеќе предмети кои подоцна ги продавал.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Видео на денот