Уапсен капитенот на Манчестер јунајтед!

фото: твитер

Хари Мегваер, играчот Манчестер Јунајтед, беше уапсен на грчкиот остров Миконос. Капитенот на „црвените ѓаволи“ се судрил со група Британци, по што полицијата интервенираше.

Очевидци изјавија дека две групи Британци се судриле пред бар ноќта помеѓу четврток и петок. Ситуацијата стана уште полоша, по што мораше да реагира и полицијата.

Три лица вербално и физички ги нападнаа полициските службеници, како и дека се приведени, а помеѓу нив бил и фудбалерот на Јунајтед.

По приведувањето, се наведува, тие не се смирија, а потоа беа уапсени.

Англискиот репрезентативец минатото лето се промовираше во најскапиот платен дефанзивец, откако неговиот клуб одвои 80 милиони фунти за трансферот од редовите на Лестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот