Уапсен гостиварецот кој ја масакрираше својата сопруга со нож и секира

Фото: Архива

По повеќе од триесет часа потрага, полициски службеници од ОВР Гостивар го обезбедија и приведоа Б. И (67) осомничен за убиство.

Според полициски извори, тој бил фатен во близина на локален пат помеѓу гостиварските села Страјане и Трново попладнево околу 16 часот. Со потрагата ставен е крај на неизвесноста околу крајниот исход на драматичниот настан кој започна вчера од рано утро.

Попладнево, по лишувањето од слобода Б. И ќе биде задржан во полициска станица Гостивар. По сослушувањето, најверојатно утре ќе биде предаден на судија на претходна постапка со соодветен поднесок, а тоа било кривична пријава за убиство.

Гостиварецот, непосредно по откривањето на телото на неговата сопруга исчезнал и според пријавата бил единствен осомничен за убиството и беше покрената потрага. Настанот ја вознемири гостиварската јавност, најмногу поради жестокоста и начинот на кој е извршено убиството.

Според ОЈО шеесет годишна Џ.И. била најдена мртва со соба од семејната куќа со повеќе рани нанесени со секира и нож. Според првичните информации, до трагедијата дошло по настаната расправија поради нарушени меѓусебни односи.

Гостиварец ја усмртил сопругата со нож и секира, ја пронашол синот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот