Уапсен екс пратеникот на албанската опозиција, Балиу – Тензии пред полициската станица во Тирана

Photo/Facebook

Екс пратеникот на опозициската Демократска Партија на Албанија, Клевис Балиу, вчера попладне беше приведен во полициската станица во Тирана. Балиу е обвинет за незаконско организирање на митинзи, блокирање на слободното движење на возилата и насилно спротиставување на полициските сили.

Имено Клевис Балиу, вчера претпладне се приклучи на протестите кои веќе повеќе месеци се одржуваат во зоната Астири против проектот за изградба на нова обиколница според кој се планира да се срушат многу згради, работилници и деловни простории од кои повеќето се без дозвола за градба.

За време на протестирањето, демонстрантите го блокираа и патот од каде што требаше да помине премиерот на Албанија, Еди Рама.

Тензиите почнаа откако полицијата интервенираше на протестите и го приведе Балиу заедно со неколку демонстранти, додека останатиот дел од демонстрантите се собраа пред полициската станица во Тирана за ослободување на екс пратеникот и другите приведени лица.

Генералниот секретар на Демократската Партија, Газменд Барди, ја обвини полицијата дека делува според политичките наредби на Еди Рама, пренесува гласот на Америка на албански јазик.

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, исто така го обвини Еди Рама за вчерашните случувања. „Денеска е денот кога Еди Рама ќе ги враќа политичките затвореници во Албанија, денеска е денот кога Еди Рама и официјално ја користи полицијата за да го злоупотребува законот и да врши притисок врз граѓаните кои го почитуваат законот, и денеска е денот и местото да му кажеме јасно и гласно: времето ти е ограничено.“ нагласи Баша.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот