Уапсен е пиштолџијата од плоштадот „Скендербег“, за кого Мицкоски тврди дека сакал да го убие

Фото: EPA/EFE / Ѓорѓи Личовски

Лицето кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го посочува дека се обидело да го убие, е приведено во полициска станица, изјавија од МВР за МИА.

„Е.Ј. е приведен во полициска станица, а на местото се пронајдени чаури. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР, без да откријат дополнителни информации за случајот.

На крстосницата пред плоштадот „Скендербег” на влезот во Старата скопска чаршија дојде до тежок инцидент меѓу демонстрантите и група луѓе кои дојдоа од насока на Старата скопска чаршија, а очевидци тврдат и дека се слушнале и истрели. Полицијата интервенираше и ги раздели групи, спречувајќи евентуален поголем инцидент.

Фото: EPA/EFE / Ѓорѓи Личовски

Мицкоски на Фејсбук вечерва објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие.

– Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР, напиша Мицкоски во објавата.

Дел од медиумите објавија дека човекот на фотографијата е Цуфи Кока, член на Алијанса за Албанците и брат на актуелниот директор на Комунална хигиена, Зуди Енузи Кока.

Протесниот марш што се одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам” започна пред Владата, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за надворешни работи, а потоа продолжија пред Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот