УАПСЕН ДОМИНИКАНСКИОТ ЕСКОБАР: Шверцерската мрежа на „кралот на кокаинот“ покривала три земји (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

УАПСЕН ДОМИНИКАНСКИОТ ЕСКОБАР: Шверцерската мрежа на „кралот на кокаинот“ покривала три земји (ВИДЕО)

Според податоците од американскиот Федерално истражно биро (ФБИ) мрежата за шверц која ја водел Перлата била активна во Венецуела, во Порторико и во Колумбија.

Доминиканецот Сесар Емилио Перлата е уапсен во Колумбија. Тој го добил прекарот „крал на кокаинот” бидејќи наводно е одговорен за шверцување на еден тон дрога од Карибите во САД и во Европа.

– Перлата (44) е уапсен во понеделникот во утринските часови во Картахени, северниот дел на Колумбија, изјави доминиканскиот државен судија.

Според податоците од американскиот Федерално истражно биро (ФБИ) мрежата за шверц која ја водел Перлата била активна во Венецуела, во Порторико и во Колумбија.

Мрежата била откриена по околу 60 полициски акции, во кои се уапсени 18 луѓе.

ФБИ понуди 100.000 долари за информации за Перлати, кој е осомничен за транспорт на „еден тон кокаин во САД, во Порторико и во Европа”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close