Уапсен директорот на рускиот рудник за јаглен „Листважнаја”, во кој загинаа 51 рудар

Сергеј Махраков/ Фото: ЕПА

На директорот на рускиот рудник за јаглен „Листважнаја”, Сергеј Махраков, кој е обвинет за кршење на правилата за индустриска безбедност во случајот со експлозијата во која загинаа 51 лице, му е одреден двомесечен притвор, а уапсен е и неговиот заменик Андреј Молостов, јави Тасс.

Махраков и Молостов се изјаснија за невини по обвиненијата.

Според истрагата, директорот бил информиран за опасната концентрација на метан во рудниците, каде на 25 ноември дојде до експлозија. Истражната комисија инсистираше на негово апсење бидејќи, доколку беше на слобода, Махраков можел да влијае врз сведоците и да уништи докази или да избега од правдата. Обвинителот го поддржа барањето на истражната комисија, иако Махраков го уверувал судот дека нема намера да бега од земјата и место тоа побара домашен притвор.

Заменик директорот на рудникот Андреј Молостов, исто така, е уапсен, иако се изјасни за невин. На неговото апсење инсистирал истражниот комитет затоа што тој претходно имал купено билети за патување во странство. Обвинетиот објаснил дека со семејството планирал одмор на Малдиви, од каде требало да се врати на 17 декември.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот