УАПСЕН ДИЛЕРОТ КОЈ И СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ЌЕРКАТА НА ВУЧИЌ: Го следел секој нејзин чекор

Саша Петерсен, кој подготвувал напад на Милица Вучиќ (17), ќерката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, уапсен е денеска, пренесува Курир.рс.

44-годишниот Саша Петерсен, личност со богато полициско досие, кој од претходно бил познат како дилер, секојдневно ја следел ќерката на српскиот претседател и планирал напад на луѓето задолжени за нејзината безбедност.

-Упорно секојдневно го посетуваше училиштето во кое оди Милица Вучиќ. Го снимаше девојчето, но и членовите на обезбедувањето задолжени за нејзината безбедност“, стои во соопштението на полицијата, а пренесува Курир.

Се пренесува и дека Петересен на безбедносните служби им бил познат и како Саша Предиќ, кој бил пријавен со адреса на друго место, а живеел во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот