Уапсен дилер на марихуана од Скопје

Пронајдената марихуана/Фото: МВР

Во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по преземени оперативни мерки и активности, вчера на подрачјето на Центар е лишен од слобода Д.Г. (21) од Скопје.

При претрес извршен со судска наредба во помошни простории од зграда, кои ги користел, биле пронајдени и одземени дигитална вага и пакување со марихуана.

Како што информира денеска МВР, лицето е приведено во Полициска станица, а до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи, нагласуваат оттаму, ќе продолжи со засилените мерки и активности за спречување на недозволената трговија и продажба на наркотични дроги на територијата на целата држава. с

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот