Уапсен Црногорец, ја продал малолетната ќерка во Германија за 20.000 евра

Полицијата во Подгорица го уапси Н.Е. (44) под сомнение дека извршил кривично дело трговија со луѓе на штета на својата малолетна ќерка (15), откако ја продал за 20.000 евра, објави Вијести.

Како што соопшти Управата на полицијата на Црна Гора, Н.Е. е осомничен дека ова дело го извршин на начин што со злоупотреба на односот на зависност, ја врбувал, ја превезувал и ја продал својата малолетна ќерка (15) со цел да склопи недозволен брак поради стекнување на парична корист во износ од 20.000 евра.

-Осомничениот во септември 2020 година договорил со семејство од Германија склопување на недозволен брак, својата малолетна ќерка со нивниот син, на начин што ќерката му ја предал на својот сонародник, на кој му дал полномоштво малолетното девојче да го однесе во Германија, што било и сторено, и го предал на семејство заради склопување на недозволен брак, за што договорил парична корист во износ од 20.000 евра, се наведува во соопштението.

Оштетената при престојот во Црна Гора во декември случајот го пријавила во полиција.

Полициската управа презела активности од својата надлежност и го лишила од слобода Н.Е. кој со кривична пријава е приведен пред јавен обвинител во Вишото јавното обвинителство во Подгорица на натамошно процесуирање.

Извор: Вијести.ме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот