Уапсен човекот кој три месеци живеел на аеродром поради страв од коронавирусот

принтскрин/Youtube

Човек кој премногу се плашел да лета поради пандемијата, живеел три месеци неоткриен во безбедно подрачје на меѓународниот аеродром во Чикаго. Како што пренесува Би-би-си, Адитја Синг (36) бил уапсен во саботата откако персоналот на авиокомпанијата му побарал да покаже лична карта.

Три месеци живеел во аеродромот во Чикаго: „Се плашел да си оди дома заради ковид-19“

Тој покажал значка, а таа наводно припаѓала на оперативниот менаџер, кој пријавил нејзино исчезнување во октомври.

Полицијата вели дека Синг на 19 октомври пристигнал со лет од Лос Анџелес до меѓународниот аеродром Охаре.

Тој на аеродромот наводно пронашол значка на персоналот и „се плашел да си оди дома заради ковид-19“, рекла помошничката државен обвинител Кетлин Хагерти, пренесува „Чикаго трибјун“.

Тој успеал да живее од податоците на други патници“, рекла судијката во случајот.

Окружната судијка Сузана Ортиз изразила изненадување на околностите на случајот.

Така што, ако добро ве разбирам, ми велите дека неовластена личност, која не е вработена, наводно живеела во дел од аеродромскиот терминал Охаре, од 19 октомври 2020 година до 16 јануари 2021 година, и не е откриена? Пробувам да ве разберам“, ѝ рекла на обвинителката која ги изнела наводите во неделата.

Синг живее во предградието на Лос Анџелес и нема криминално досие, според зборовите на помошничката јавен обвинител. Не е јасно зошто бил во Чикаго.

Тој е обвинет за криминално дело во заштитеното подрачје на аеродромот и за кражба.

„Судот ги смета овие факти и околности прилично шокантни за временскиот период во кој тие се случувале“, рекла судијката.

Одделението за воздухопловство од Чикаго, кое ги надгледува градските аеродроми, вели во изјава: „Иако овој инцидент и понатаму е под истрага, успеавме да утврдиме дека овој господин не претставувал безбедносен ризик за аеродромот или патниците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот