Уапсен 70-годишен жител на Ѓорче Петров, пукал со пиштол од балкон

Полицијата уапси 70-годишен жител на скопската населба Ѓорче Петров, кој вчера попладне пукал со пиштол од балконот на својот стан, соопшти МВР.

„На 15.09.2021 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од балкон на стан на подрачје на Ѓорче Петров, Ж.К.(70) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир така што со пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Од лицето бил одземен пиштолот „М- 70″ калибар 9мм., две рамки за пиштолот, 12 куршуми калибар 9мм., футрола за рамка, ловечка пушка „црвена застава” калибар 16/70мм., два патрона за ловечка пушка „белон 2,50 мм.”, футрола за ловечка пушка и две дозволи за поседување и носење оружје на негово име“, се вели во полициското соопштение.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот