Уапсен 69 годишен тетовчанец: Ја допирал малолетната сосетка по телото

Апсење / Фото: МИА

Родители во полиција пријавиле сосед дека ја допирал нивната ќерка по што пријавениот е лишен од слобода. Настанот се случил вчера околу 20 часот.

-Вчеравечер во 22.10 часот на ул.„Тодор Циповски-Мерџан” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.К.(69) од Тетово, затоа што околу 19.45 часот допирал по телото малолетничка од Тетово, негова сосетка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Тетово.

Во друг случај во Вејце полицијата бележи пријава за физички напад меѓу соседи. Педесет и седумгодишниот З.Х. вчера пријавил дека утрото околу 7:30 часот, во близина на неговата куќа, физички бил нападнат од 30-годишниот сосед Б.С. Се расчистува и документира случајот и против пријавениот Б.С. ќе следува соодветен поднесок.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот