Пожар /Фото: Илустрација

Уапсен 64-годишен маж кој опожарил нива во Кочанско

Полицијата од Кочани ноќеска во 01.40 часот уапсиле 64-годишен маж од селото Жиганци, Кочанско, осомничен дека вчера запалил нива на стариот пат Штип – Кочани, во близина на селото Кучичино, општина Чешиново – Облешево.

Противпожарните единици од Кочани го изгаснале пожарот и констатирале дека нема повредени.

Од МВР велат дека осомничениот бил задржан во полициска станица во Кочани и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот