Уапсен 30-годишник, му се заканувал на Вучиќ со снајпер

Српска полиција/ Фото: МИА

Припадниците на Безбедносно-информативната агенција (БИА), во соработка со Обвинителството за високотехнолошки криминал и Министерството за внатрешни работи, вечерва го уапсиле М.П. (1990) од Параќин, пишува „Блиц.рс“.

Тој е осомничен дека сторил кривично дело Загрозување на безбедноста од член 138 став 3 од Кривичниот законик на Република Србија.

Осомничениот се товари дека преку социјалната мрежа Фејсбук, меѓу другото, во повеќе наврати објавувал и повикувал на убиство со снајпер на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Со брза реакција на припадниците на Безбедносно-информативната агенција и припадниците на МВР, лицето е приведено и ќе биде задржано во притовор во траење од 48 часа по консултација со дежурниот обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот