Уапсен 19-годишник за издржување затворска казна од пет години за убиство

Секторот за меѓународна полициска соработка со асистенција на Единицата за интервентна полиција, ноќеска во 02.00 часот, го приведе А.А.(19) од село Кондово, за издржување казна затвор од пет години за кривично дело „обид за убиство”, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат и дека  изутрината во шест часот  полициски службеници од Полициското одделение Теарце го привеле Е.Б. (28) од село Слатино за издржување казна затвор во траење од шест години во КПД Идризов,  а во врска со чл.237 ст.1 од КЗ на Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот