У21: Со Митровски, Чурлинов и Тошевски во нападот против Израел

фото: ffm.mk

Селекторот Благоја Милевски го објави стартниот состав за денешниот важен натпревар од квалификациите за Европското првенство против Израел.

Дуелот од 14.30 часот на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје, а на теренот од првата минута младата македонска репрезентација ќе истрча со следните 11 играчи во формација 4-3-3:

На голманската позиција е Јанков, во одбраната се Антовски, Личина, Стоименовски и Тодороски.

Средниот ред го пополнуваат Атанасов, Здравковски (капитен) и Гроздановски, а во нападот се Чурлинов, Тошевски и Митровски.

Од клупата шанса за настап ќе чекаат Денковски, Алчевски, Илиевски, Фазлиу, Ацковски, Шеји, Даци и Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот