У21: Шпанија ќе покаже дали сме „зрели“ за пласман на ЕП!

ffm.mk

Младата македонска фудбалска репрезентација до 21 година во Алкоркон против Шпанија ќе го игра натпреварот од четвртото коло во квалификациите за Европското првенство 2021 (Унгарија/Словенија).

Дуелот ќе се игра в четврток (14. ноември) со почеток од 19.45 часот, можеби најтешкиот за избраниците на селекторот Милевски во овој квалификациски циклус и покаже дали сме подготвени за нов настап на континенталните собири (после 2017 година) во У21 категоријата.

Во групата „6“ води Шпанија со девет бодови од три натпревари, на делба на второто место се Казахстан и Македонија со по седум бодови, со напомена дека Казахстанците имаат пет одиграни мечеви, а ние три. Израел е на четвртата позиција со шест бода од два натпревари, претпоследна е Црна Гора со три од пет натпревари, а на дното е Фарски острови без бодови од четири натпревари.

Првопласираните репрезентации од сите девет групи одат директно на ЕП, како и една најдобро второпласирана, додека останатите второпласирани ќе разигруваат во плеј-оф.

– Утре нѐ очекува натпревар против една од најдобрите европски репрезентации. Шпанија е топ фаворит во групата, но и силен мотив за нас. Очекувајте мотивирана Македонија со цел квалитетно да им се спротивставиме на домашните фудбалери. Овие квалификации ги започнавме со добри резултати и ќе направиме сѐ за да го продолжиме тој пат. Ветуваме голема борба и максимална ангажираност од сите во репрезентацијата – рече младиот македонски репрезентативец, Давор Здравковски.

После мечот со Шпанците, нашите фудбалски надежи на 19 ноември ќе гостуваат кај Фарските острови во Торшавн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот