У21: Македонските надежи во обид да изненадат против Шпанија!

facebook.com/FudbalskaReprezentacija/

Ќе дадеме сѐ од себе да ги исполниме задачите од селекторот – вели нашиот млад репрезентативец, Здравковски.

Денеска од 18.45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ – Скопје, македонската репрезентација до 21 година е пред голем предизвик.

Во својот петти натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се соочат против актуелниот европски шампион Шпанија.

Лани во првиот меѓусебен натпревар одигран во Алкоркон, триумфираше „црвената фурија“ со 3:0, а сега нашите надежи ќе се обидат да останат непоразени, воедно се обидат да го изненадат главниот фаворит во квалификациската група 6.

Вчера помогна и победата од 3:1 на Фарски Острови над Израел, па така сега со евентуален триумф на денешниот меч Македонија може да скокне на втората позиција, или со реми барем да се израмни со второпласираниот Израел.

Може да се очекува мотивирана Македонија. Тоа е обврска кон дресот што го носиме. Ќе дадеме сѐ од себе да ги исполниме задачите од селекторот и да бидеме дисциплинирани на теренот – вели македонскиот млад репрезентативец, Давор Здравковски.

ЕП 2021, квалификации
Група „6“

Фарски Острови-Израел 3:1

Денеска
Казахстан-Црна Гора (15.00 часот)
Македонија-Шпанија (18.45 часот)

Табела:

1.Шпанија 13 бодови (пет натпревари)
2.Израел 8 (пет натпревари)
3.Казахстан 7 (пет натпревари)
4.Македонија 7 (четири натпревари)
5.Црна Гора 4 (шест натпревари)
6.Фарски Острови 3 (пет натпревари)

8 септември, двојки –
Фарски Острови-Македонија (15.00 часот)
Израел-Казахстан (19.40 часот)

Првопласираната селекција од секоја група оди директно на континенталниот собир, како и петте најдобропласирани репрезентации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот