У21: Македонските надежи бркаат победа против Израел

Првиот дуел ќе го имаат со Франција/фото: ffm.mk

После блескавата партија во Алмати против Казахстан (1:4), денеска македонската млада репрезентација ќе ја брка и петтата победа во квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словенија 2021.

Нов противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски е селекцијата на Израел на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје со почеток од 14.30 часот. Главен судија е Николас Волш од Шкотска.

Во квалификациската група „6“ води Шпанија со 19 бода, пред Македонија (13), Израел (11), Казахстан (10), Црна Гора (7) и Фарски Острови (3).

Првопласираните од сите групи и пет најдобровторопласирани ќе се пласираат на континенталниот собир.

Возвратната пресметка со Израелците ќе ја играме на 12 ноември, а последниот меч го имаме на 17 ноември 2020 година дома против Црна Гора.

Чурлинов: Подготвени сме за Израел и за нови три бода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот