У21: Македонските фудбалски надежи славеа против Гибралтар
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година во последниот натпревар од септемврискиот циклус квалификации за пласман на Европско првенство 2025 успеа да забележи победа со 2:0 над селекцијата на Гибралтар.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски ја остварија третата победа во рамките на групата Ц од овие квалификации.
И во првиот натпревар помеѓу овие две селекции во Скопје, на националната арена „Тодор Проески” Македонија беше подобра тогаш со минимални 1:0.
Ване Крстевски во 24 минута ја доведува Македонија до предност, по одличното проигрување од Адеми. А вториот погодок беше дело на Адеми во 42 минута.
Македонија У21: Алчевски, Деспотовски, Рамадани (78. Ангелов), Стојчевски, Џеков, Николов (90. Мелиќи), Фета (66. Чилафи), Крстевски, Исаки (45. Ѓорѓиевски), Трпчевски (90. Рамани), Адеми.