У21: Македонските фудбалери загубија од Косово во првиот контролен меч

фото: ffm.mk

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 3:1 на домашен терен од соодветната селекција на Косово во рамките на првата контролна пресметка помеѓу овие две селекции.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одлично го започнаа мечот и сосема заслужено рано во 16 минута поведоа со 1:0.

Стрелец на погодокот беше Никола Величковски. Во 29 минута, Арјанит Фазлија стрелаше за изедначување на резултатот.

Во 66 минута, Косово преку Куртиши прави комплетен пресврт и доаѓа до предност од 2:1. Куканај ги поставува конечните 3:1.

Македонија и Косово ќе одиграат уште еден контролен натпреваро во Скопје на 17 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот