У21: Македонија запиша триумф над Албанија на турнирот во Хрватска

Добар старт на македонската У21 репрезентација на турнирот во Хрватска/фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 21 година забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Албанија во првиот натпревар од силниот меѓународен турнир што се одржува во Свети Мартин на Мура во Хрватска.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одиграа одличен натпревар, особено во второто полувреме. Марио Илиевски одигра фантастичен меч и беше стрелец на два гола за нашата селекција.

Во 10 минута со голот на Берат Калкан, Македонија поведе со 1:0. Противникот успеа да се врати во игра и во 31 минута од средбата преку Шпенди успеа да го израмни резултатот. Нашите млади фудбалери преку Марио Илиевски ја имаа најзрелата шанса во првото полувреме.

Во продолжението, Марио Илиевски постигнува погодок во 47 минута, откако претходно беше извонредно проигран од Лука Станковски. Истиот играч во 55 минута, со прекрасен гол од слободен удар ги постави конечните 3:1. Луан Абази пропушти добра можност за зголемување на предноста на Македонија.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 26 септември ќе го одигра вториот натпревар на турнирот против селекцијата на Саудиска Арабија.

Македонија: Марко Алчевски, Антониот Јанкуловски, Кристијан Тасевски, Андреј Стојчевски, Мартин Величковиќ Радуловиќ, Алекс Златков, Димитар Тодоорвски, Берат Калкан, Арда Окан Културан, Лука Станковски, Марио Илиевски.

Резерви: Иван Николоски, Хамза Рахмани, Аган Мјаки, Решат Рамадани, Виктор Крстевски, Иван Николов, Ване Крстевски, Методи Максимов, Луан Абази, Леонид Игњатов, Александафр Ангелкоски, Бехар Фета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот