У21: Македонија ремизираше против Казахстан (ВИДЕО)

фото/фејсбук/ффм

Во својот трет натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година, македонската млада репрезентација за играчи до 21 година ремизираше 1:1 против Казахстан.

Иако нашите фудбалски надежи имаа поголема контрола на топката, со поголем број на шанси, на крајот успеаја само да освојат бод. Имавме седум удари во рамките на голот, противникот три.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски поведоа во 20 минута со еден убав погодок на Ристовски и се најавуваше дека Македонија ќе одигра уште еден многу добар победнички натпревар.

Водство кое не гарантира секогаш три бода, па во понатамошниот дел од мечот нашите фудбалери имаа шанси за зголемување на позитивата, но не беа реализирани.

Во 75 минута многу среќно дојде гостинот до реми, една топка беше нафрлена во нашиот казнет простор, случајно топката се удри во коленото на Омиртајев и топката заврши во мрежата на Јанков.

До крајот на мечот Македонија со сите сили се обиде да постигне уште еден погодок, но Казахстан ги запре сите налети на домаќинот.

Во квалификациската група „6“, моментно на делба на првото место по седум бодови се Македонија и Казахстан. Шест бодови има Шпанија, по три Израел и Црна Гора, а без бодови Фарски острови.

Следните мечеви, последни за годинава нашата У21 селецкија ќе ги има наредниот месец, на 14 ноември гостуваме кај Шпанците, а пет дена подоцна кај Фарските острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот