У21: Целта е јасна, фудбалските надежи сакаат победа над Фарски Острови

Време е за прва радост во квалификациите за пласман на Европското првенство 2023/ фото: ФФМ

Младата У21 репрезентација на Македонија вчера го имаше последниот официјален тренинг пред денешниот натпревар од квалификациите за пласман на Европско 2023 против незгодната селекција на Фарски Острови.

Противникот во досегашниот тек од квалификациите освои четири бода, посебно изненадувачки е одиграното реми на домашен терен против апсолутниот фаворит во групата, селекцијата на Франција.

Играчот за врска Али Адем со нетрпение го очекува мечот, целта е јасна на сите фудбалери, а тоа е забележување на првата победа во овие квалификации.

– Максимално сме фокусирани на натпреварот со Фарски Острови, со нетрпение го очекуваме дуелот. Имаме доволно време да се прилагодиме на временските прилики тука, и да се подготвиме што подобро за мечот. Одиме чекор по чекор, верувам во моите соиграчи, имаме квалитет и доколку одиграме како што од нас очекува селекторот, ќе ја оствариме целта, а тоа е да се вратиме дома со три бода.

Нема да биде лесно, во денешниот фудбал нема слаба репрезентација, истото важи и за нашата група. Фарски Острови е незгодна селекција, поготово кога игра на домашен терен. Играме на мал стадион, со вештачка трева, нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе за да ги освоиме трите бода – вели Адем.

Натпреварот ќе се игра од 15.00 часот во Класвик во рамките од групата „Х“ каде што моментно на табелата сме последнопласирани на шестата позиција со еден бод, колку што има и Србија на петтото место, лидер е Украина со шест, пред Франција и Фарски Острови по четири, а три има Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот