У19 ЕП: Македонските ракометни надежи поразени во Скопје од Грција

/Фото: facebook.com/rfmofficial

Денеска во првиот натпревар ЕХФ М19 шампионатот во Скопје македонската машка младинска репрезентација загуби од Грција со 26:30 (11:16).

Со тоа играчите предводени од селекторот Кирил Лазаров ги намалија шансите за пласман во полуфиналето.

Имавме само добар старт од натпреварот кога поведовме со 2:1, па беше рамноправно до осмата минута кога на семафорот стоеше 3:3.

При негатива од 5:6 противникот направи серија од 5:0, по што грчките ракометни надежи константно до крајот на средбата водеа и не ја испуштија предноста.

Во вториот дел Грција достигна и до највисоки плус седум (22:15), нашата селекција ја даваше сета сила да го избегне поразот. Се доближивме до 25:27, но не успеавме да направиме целосен пресврт.

Најефикасни во нашите редови со по пет голови беа Илиоски и Ѓоргоски, четири забележа Митев.

Во истата група Полска претходно беше убедлива против грчката селекција со 28:17.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот