У18: Во финишот избега победата на Македонија против Унгарија

У18 фудбалските надежи на Македонија одиграа реми против Унгарија/Фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 18 години одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Унгарија во првиот контролен натпревар меѓу двете селекции во Ѓер.

Избраниците на селекторот Неџат Шабани може да жалат за пропуштената шанса за победа. Нашите имаа предност од 1:0, но домаќинот со погодок во судиското надополнување избегна пораз.

Нашата селекција одлично го започна мечот, добрата игра во првото полувреме ја крунисавме со погодок на капитенот Матеј Ангелов во 31 минута од средбата. Во продолжението од средбата игравме цврсто во одбрана и не му дозволивме на противникот да наметне иницијатива.

Во 70 минута преку Бесар Гуџуфи ја имавме најдобрата прилика за зголемување на предноста, но немавме среќа во завршницата. Балаж Рац во последната минута од средбата погоди за израмнување на резултатот на 1:1.

Унгарија У18 – Македонија У18 1:1 (1:1)

МАКЕДОНИЈА: Васко Василев (Г), Никола Павлески, Борјан Попоски, Енис Буќи, Матеј Ангелов (К), Марко Тренески (Aтхе Кадриу 55’), Бесар Гуџуфи, Марко Софијаноски (Ерион Шуку 65’), Игор Јаневски, Арбнор Мурати, Давид Љусев(Максим Милошевски 82’);

Резервни фудбалери: Марко Ристов, Ерион Шуку, Матеј Ѓорѓиев, Наум Ангелов (Г), Христијан Поп – Антовски, Хамза Меметриза, Максим Милошевски, Атхе Кадриу, Давид Дебрешиловски;

Вториот контролен дуел, селекциите ќе го одиграат на 16 септември со почеток од 11.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот