У17 македонските надежи триумфираа против Кипар, следен ривал е Србија

Македонските фудбалски надежи пропуштија шанса да триумфираат над Албанија/фото: ФФМ

Македонската репрезентација до 17 години предводена од селекторот Тони Јакимовски успеа да слави победа над Кипар со 2:1 на воведниот натпревар од контролниот турнир во Скопје за фудбалери до 17 години.

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, Македонија и Кипар одиграа возбудлив натпревар со отворена игра и многу шанси. Сите три гола беа постигнати во првото полувреме.

Македонија одлично го отвори мечот, во осмата минута поведе со 1:0, а стрелец на голот беше Марио Стојилевски.

Противникот брзо ги консолидираше своите редови и успеа да се врати во игра со погодокот што го постигна Ставрос Харалампус во 26 минута. Нашите фудбалери до крајот на првиот дел успеаа да ја вратат предноста. Зани Назифи постигна убав погодок во 37 минута за ново водство на Македонија.

Следниот натпревар избраниците на Тони Јакимовски го играат против Србија на 16 септември во 11.00 часот.

МАКЕДОНИЈА – КИПАР 2:1 (2:1)

Македонија: 1. Давид Стојановиќ, 15. Андреј Аризанковски (74 Симеон Здравсковски), 5. Марио Стојилевски, 6. Даниел Марковски, 16. Давид Саботковски (46` Матеј Јаневски), 10. Мартин Ѓорѓиевски (к) (79` Амир Нухија), 18. Адриан Зенделовски, 17. Никола Манојлов (55` Александар Богдановски), 7. Кире Стојанов (74` Енес Фидани), 11. Мухамед Елмас (55` Азис Јамини), 9. Зани Назифи; Селектор: Тони Јакимовски;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот