„Twitter“ наскоро со нова опција: Ќе се наплаќаат ексклузивни содржини

pixabay

Компанијата „Twitter“ најави дека наскоро ќе започнат со воведување опцијата „супер следење“ или „super follow“, што ќе им овозможи на корисниците да им наплаќаат на своите следбеници за пристап до ексклузивна содржина.

Во четвртокот, од компанијата соопштија дека новата опција ќе им овозможни на корисниците да наплатат за дополнителен, ексклузивен материјал како вести, видеа, понуди или попусти кои нема да бидат достапни за сите корисници на оваа социјална мрежа.

Profimedia
Profimedia

 

Зошто да не почнеме со прашањето зошто луѓето не веруваат во нас. Тоа се сведува на три критики: ние сме бавни, ние не сме иновативни и ние не сме доверливи“, рече извршниот директор на компанијата, Џек Дорси.

Корисниците на „Twitter“ и инвеститорите на компанијата долго време барале ваква опција заснована на претплата. Ваквата идеја доаѓа откако сè поголем број креатори и „инфлуенсери“ ги користат платформите како „Patreon“, „Substack“ и „OnlyFans“ за да заработат пари од нивната „онлајн популарност“, пишува „The Guardian“.

Претплатите исто така ќе ѝ овозможат на компанијата да ги прошири своите извори на приходи во светот каде рекламирањето на Интернет е во „поседништво“ на дуополот „Facebook“ и „Google“.

unspalsh

Од „Twitter“ сепак не открија детали колкав процент од остварените приходи би ги споделиле со познатите личности или пак со профилите кои ќе добијат свои претплатници.

„Ова ќе им овозможи на креаторите и издавачите да бидат директно поддржани од нивната публика и ќе ги поттикне да продолжат да создаваат содржина што ја сака нивната публика“, се вели во соопштението на компанијата.

Опцијата „Super Follow“ сè уште не е достапна, но од „Twitter“ велат дека ќе откријат повеќе детали во текот на наредните месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот