ТВРДИ ДЕКА Е ЕДНОСТАВНО! Еве како Бил Гејтс оваа година заработил 16 милијарди долари и го зголемил своето богатство

Иако годинава донираше над 35 милијарди долари во хуманитарни цели, Бил Гејтс од почетокот на 2019 година заработил 16 милијарди, па сега „вреди“ 106 милијарди долари.

„Се работи за едноставна стратегија на инвестирање – над 60 проценти од моето богатство го држам во акции“, кажа основачот на „Мајкрософт“ во интервју за „Блумберг“.

Околу 60 милијарди долари од богатството на Гејтс од понеделник се наоѓа во акции што ги поседува, па благодарение на тоа, објаснува советникот за инвестиции на Гејтс, тој успеал да ја изгради најголемата приватна фондација во светот без да го намали своето богатство.

Сепак, ова може да се промени доколку во САД се воведат повисоки даноци, што во последниве денови го најавуваат светските печатени медиуми на своите насловни страници.

„Се сомневам дека данокот за богатите ќе помине, но јас не сум против. Најблиску до тоа се даноците на недвижностите, за кои силно се залагам да се вратат на 55 проценти, односно на нивото кое беа пред неколку децении“, рече Гејтс.

Иако е втор најбогат човек во светот (зад сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос), Гејтс е познат како заговорник за повисок данок на приходите на најбогатите Американци и поголема транспарентност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот