„Твоја партија“: ЕУ јасно да ги постави условите за почетокот на преговорите на Северна Македонија

„Твоја партија“ смета дека македонската дипломатија мора комплетно да го напушти досегашниот пристап во напорите за конечно да го започне процесот на преговарање во Европската Унија (ЕУ).

– Сметаме дека треба да се напушти досегашната практика на билатерални преговори со секоја членка на ЕУ која има некаква забелешка на нашето име, историја, јазик, идентитет или било кој друг билатерален однос. Досегашното искуство покажа дека пристапот каков што го имавме до сега, не ги дава очекуваните резултати, а наспроти тоа како држава и народ сме изложени на непринципиелни и недостоинствени отстапки кои водат кон огромни поделби и конфликти на внатрешен план и одлагање или запоставување на на неопходните реформи кои се дел од пристапниот процес, се вели во соопштението на „Твоја партија“.

Од овие причини „Твоја партија“ смета дека мора веднаш да се побара од Европскиот парламент, од Европската комисија и од Советот на министри, јасно одредени услови кои треба да ги исполниме за почеток на преговорите.

– Впрочем, ние се трудиме да станеме членка на ЕУ, а не на некоја конкретна држава – членка. Сметаме дека ЕУ треба јасно да ни ги постави условите за почеток на преговорите и нашиот напредок да се мери во однос на овие параметри. Досегашниот принцип не само што не ги дава посакуваните резултати, но и предизвикува нашите граѓани да ја губат довербата во институцуите на ЕУ. Уште посериозен е фактот што граѓаните оправдано чувствуваат дека претпристапните преговори не даваат резултати и се претвараат во лавиринт и процес без крај, истакнуваат од „Твоја партија“.

Назначувањето на Бучковски за специјален владин претставник за Бугарија, според „Твоја партија“, е само уште еден очаен потег во стилот на Заев, за назначување лица со криминално минато на некоја измислена позиција.

– Македонија ниту имала бенефит од него во минатото, ниту ќе има во иднина, особено по последните негови штетни изјави. Против сме потпишување на анекси и „патокази”. Со тоа само се нарушува и динамиката и суштината на целокупниот процес, се вели на крај од дописот на „Твоја партија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот