Твитерџии го прогласија Ердоган за мртов

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган / Фото: Youtube Screenshot akparti org tr

Турските власти започнаа правна постапка против 30 лица  кои на социјалната мрежа Твитер објавија дека претседателот Реџеп Таип Ердоган починал. Тие би можеле да бидат обвинети за  ширење „дезинформации и манипулативна содржина“ пренесува АП.

Во соопштението од полицијата се вели дека осомничените се под истрага поради објавите со хаштаг „олмус“, што е турски збор што во груб превод значи „мртов е“.

Овие твитови следат по шпекулациите за здравјето на Ердоган по неодамнешното видео на кое се гледа како турскиот претседател се движи нестабилно и со потешкотии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот