Твитер во акција против ботовите: Отстрани над 8000 налози кои промовираат партиски политики

Се работи за налози кои имале подршка од државата и преку кои е водена кампања.

Социјалнатата мрежа Твитер објави дека нејзината служба за проверка на автентичноста  на корисниците отстранила 8558 профили на кои била промовирана валдеачката партија СНС и нејзиниот лидер Александар Вучиќ.

Во соопштението објавено на официјалниот налог @TwitterSafety, се наведува дека се работи за налози кои имале подршка од владеачката партија и државата и преку кои е водена партиска  кампања.

Ваков тип на кампањи преку Твитер биле водени и во Египет, Хондурас, Индонезија, Саудијска Арабија и Србија.

Твитер во своето соопштение потсетува дека со спроведувањето на кампањата грубо се прекршува политиката на користење на Твитер и дека претставува обид да се наштети на јавната дебата.

Во случајот со Египет тамошната медиумска мрежа Ел Фагр креирала над 2541 лажни Твитер профили од кои биле испраќани навредувачки и воинствени пораки против Иран, Катар и Турција.

Во Хондурас, ботовите во главном се занимавале со ретвитнување на претседателските твитови. Евидентирани и отстранети се вкупно 3104 лажни профили

Индонезија  водела онлајн битка против движењето на независност на Западна Папуа, додека во Саудиска Арабија своите ботови ги насочила против турското ангажирање во војната во Јемен.

Во овие две држави Твитер отстрани повеќе од 10 илјади лажни профили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот