Твитер: Спорни се 300.000 твитови во врска со изборите во САД

pixabay

За време на политичката кампања за претседателските избори во САД, социјалната мрежа Твитер настојуваше да го намали бројот на објави за кои смета дека ги доведуваат луѓето во заблуда.

Од таму соопштуваат дека во текот на последните две недели околу 300.000 објави се означени како спорни и нивната содржина би можела да претставува лажна или погрешна информација за американските избори.

Социјалната мрежа, која беше критикувана за време на изборите во 2016 година поради овозможување на ширење на непроверени информации, овој пат, во жешка политичка клима, се обиде да го намали бројот на твитови за кои смета дека ги доведуваат луѓето во заблуда.

На секои 500 објави во периодот меѓу 27 октомври и 11 ноември, пристигнувал по еден таков твит, соопшти „Твитер“, нагласувајќи дека во иднина ќе продолжи да означува спорни објави.

Напорите на „Твитер“ беа највидливи кога станува збор за објавите на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој вчера објави твит за нерегуларности на изборите. Под неговата објава стоеше предупредување: „Ова тврдење за изборна измама е спорно”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот