Твитер ќе ве прашува дали сте прочитале некоја статија пред да ја ретвитнете

unsplash

Кога ќе видите кул наслов на статија едноставно само го ретвитате. Лесно, нели? Секако дека е, но ако не сте го прочитале самиот текст може да ретвитате глупости или уште полошо – целосно лажни информации!

Во борбата против тоа, социјалната мрежа Твитер започна да тестира нова опција од јуни годинава, со која ги прашува корисниците дали навистина ја прочитале статијата пред да ја ретвираат.

Сега, компанијата вели дека е задоволна од резултатите од тестот и наскоро ќе започне да ја шири опцијата на глобално ниво.

За време на тест периодот, Твитер соопшти дека откриле дека луѓето почнале да отвораат статии 40% повеќе откако се соочиле со новото „правило“.

Ова доведува до поинформативно ретвитање, со 33% повеќе луѓе кои всушност ги отвараат линковите пред да ги ретвитнат.

Твитер истакнува дека, во некои случаи, луѓето само го читаат написот и се откажуваат од повторното објавување, што веројатно е добар знак.

Твитер ќе воведе една промена пред да ја активира оваа опција низ цел свет, иако откако корисникот ќе го види прашањето, следниот пат кога ќе се појави, ќе биде визуелно помало.

Оваа промена се случила пред повеќе од две години откако истражувањето покажало дека е повеќе од веројатно дека корисниците би ретвитнале лажни вести отколку вистински.

Твитер неодамна дава напори за борбата против лажните вести и зголемување на квалитетот на содржините на нивната платформа, вклучувајќи обележување на некои погрешни твитови.

Тоа се случи со некои од „неверојатните“ твитови на Доналд Трамп, каде Твитер мораше да реагира во зајакнување на правилата особено кога станува збор за содржина поврзана со коронавирусот.

Во август, Твитер исто така додаде можност за ограничување на одговорите на твит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот