12 C
Скопје

„Твитер“ ќе им го олесни животот на своите корисници: Еве како ќе изгледа новатa опција

Новата опција што ја воведува „Твитер“, освен што ќе му потврди на корисникот дека пораката е испратена, ќе нуди и краткорочен временски прозорец за време на кој корисникот ќе може да ја избрише пораката доколку се премисли.

На Интернет почна да кружи анимација од долго најавуваната промена на „Твитер“ за поништување на испраќањето објави односно „Undo send“. Првата слика од анимацијата ја објави аналитичарката Џејн Манчун Вонг.

Интерфејсот го прикажува препознатливиот дијалог „Your Tweet was sent“ и новата опција „Undo“. Со опцијата „Undo“  на користикот му дава можност да ја откаже објавата. На пример, слична функцијата воведе и „Gmail“ овозможувајќи опција за откажување на испраќање содржина која се појавува откако ќе стиснете „Send“.

Прочитајте и...  Принцовите Вилијам и Хари му оддадоа почит на нивниот дедо, принцот Филип

Новата функција, за потсетување, е долго најавуван дел од наводната „премиум“ претплата на оваа социјална мрежа. На почетокот на оваа година „Bloomberg“ објави извештај според кој „Твитер“ размислува за воведување опција за претплата со цел да се намали зависноста на компанијата од рекламиање и да биде поразлична структура од „Фејсбук“ и „Снепчет“.

Од компанијата најавија дека на корисниците ќе им овозможи да плаќаат едни на други за ексклузивна содржина, која компанијата ја нарече „Super Follow“.

Поврзани вести

Животна мантра за секој хороскопски знак: Следете го срцето, но „понесете“ го и вашиот мозок со вас!

Слободен печат

Храна која треба да ја избегнувате доколку сте алергични на полен

Слободен печат

ФОТО: Грајмс се пофали со вонземјанските лузни – Девојката на Илон Маск ја покажа новата тетоважа

Слободен печат

ФОТО: Селена Гомез облиена во крв со лисици на рацете

Слободен печат

Ѕвездата на „Сам дома“ Меколи Калкин стана татко

Слободен печат

ФОТО: Принцот Хари во Велика Британија, а Меган сама дома со згоден телохранител

Слободен печат

Остави Коментар