„Твитер“ им порача на своите вработени: Може засекогаш да работите од дома

Твитер / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Имено, „Гугл“ и „Фејсбук“ на почетокот на овој месец соопштија дека нивните вработени можат да работат од дома до крајот на годинава, пишува Би-би-си.

Компанијата „Твитер“ им порача на своите вработени дека можат да „работат“ од дома „засекогаш“ дури и по завршувањето на пандемијата со коронавирусот.

„Твитер“ ја објави одлуката, откако претходно на социјалните мрежи соопшти дека мерките за работа од дома, донесени заради пандемија, дале добри резултати. Сепак, компанијата додаде и дека откако ќе се олабават мерките, ќе им овозможи на сите работници, доколку сакаат, да работат од канцеларијата.

Имено, „Гугл“ и „Фејсбук“ на почетокот на овој месец соопштија дека нивните вработени можат да работат од дома до крајот на годинава, пишува Би-би-си.

-Во текот на изминатите неколку месеци докажавме дека можеме да функционираме на овој начин. Значи, доколку на работниците повеќе им одговара да работат од дома, ние тоа ќе им го овозможиме- велат од компанијата „Твитер“.

„Ова е вест што ја дефинира ерата“

Компанијата со седиште во Сан Франциско вработува повеќе од 4.000 луѓе. Вработените работат од дома уште од месец март, а канцелариите нема да се отворат до септември.

Новинарот Сри Сринiiвасан од Универзитетот „Стоуни Брук“ , рече дека тоа е „вест што ја дефинира ерата“.

-Некои луѓе ова нема да го сфатат сериозно затоа што се работи за „Твитер“, но Силиконската долина може да нè научи многу за флексибилноста на работното место. Имено, постои став со работењето од дома, дека се избегнуваат работните обврски и дека времето во канцеларија е многу важно. Но, луѓето докажуваат дека можат да бидат далеку попродуктивни додека работат од дома. Многумина ми велат дека многу повеќе работат додека се дома и дека се исцрпени- додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот