Твитер гори: Магаре врзано карши Влада, се фаќа сеир дека дошло по грант од 83.000 евра (ВИДЕО)

Фото: twitter/printscreen

Видео со врзано магаре спроти објектот на Владата е поставено на Твитер што веднаш е споделувано и на останатите социјални платформи, но привлече внимание и на медиумите. Засега не е познато дали станува збор за некаква случајност или герила акција преку која се испраќа скриена порака преку „Илинденска“ во врска со Националната агенција за финансирање на европски образовни програми и мобилност на чие чело е Лидија Димова и скандалот за тренинг на магариња.

На видеото во траење од 11 секунди се гледа магаре врзано за дрво зад автобуската постојка, а во описот стои „аааууууу другари драми, магаре дошло пред Влада, ваљда ќе го бара грантот од 83.000 евра“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот